(ФОТО) Скопските кафулиња ги отворија вратите за смрзнатите кучиња и мачиња

Париз мезе бар, Винил и Радио бар се угостителските објекти кои на температурите под нулата ги отворија своите врати за бездомните кучиња и мачки.

Во албум споделен на Фејсбук страницата на Асоцијацијата на активисти за права на животните, активистите повикуваат и останатите кафулиња и угостителски објекти да се приклучат кон овој хуман гест.

Акцијата потсеќа на кафулето во Истанбул кое служеше како дом за бездомни животни минатата зима. Слично на тоа, беа отворени и вратите на трговскиот центар Атриум, исто така во Турција.