Фото: Скопје се смее - Априлијада 2017

Погледнете ја целата галерија тука.

 Голема детска журка „Априлијада 2017-Скопје се смее“ по повод 1 Април - Денот на шегата денеска се одржа на плоштадот „Македонија“ за децата од сите градинки, училишта и деца од градот Скопје и од околината.

Маскираните принцови, принцезите, кловновите, самовилите и сите ликови од цртаните филмови ќе ги забавуваат фолклорната секција и балетската секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

По повод 1 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава отвори конкурси за основните и средните училишта да учествуваат во манифестацијата и да се натпреваруваат за најубава маска и карикатура за коишто ќе им бидат доделени награди и дипломи.

Манифестацијата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и на град Скопје.

На плоштадот „Македонија“ забава ќе биде организирана и вечер во 20 часот, кога ќе настапат Андријана Јаневска, Мартија Станојковиќ, Влатко Илиевски, Александар Тарабунов, Лаура Крлиу и групата-BRASS BROTHERS. За крај е предвиден и настап на диџеј.

Во вечерниот дел од манифестацијата на бината ќе продефилираат учениците од средните училишта со групни маски, а учесниците во најдобрата групна маска ќе добијат и вредна награда.

Денот на шегата, 1 Април се одбележа во „Веро центар“ со детската претстава „Шумски маскенбал“.