Фото: Скопјани уживаат во кино на отворено

Уште една успешна скопска приказна во градскиот парк.

„Топ“ атмосфера, многу публика и одлично дружење на филмската проекција „Господ постои, името ѝ е Петрунија” што ја организираше Град Скопје заедно со МКЦ.

Тие што дојдоа вечерва на проекцијата, убедени сме дека ќе дојдат пак, а вие што испуштивте, се гледаме утре во 21.30 часот на ново кино на отворено со проекцијата на македонскиот филм „Џган”, велат од градот.