Фото: Скопјанец во обложувалница со 20 денари добил 88.271 денар и „БМВ серија 1“

Треба знаење, но и многу среќа да се погоди ваков коефициент. Токму таа комбинација ја имал Георги Пенчев од Скопје, кој е добитник на автомобилот „БМВ серија 1“ во натпреварувачкиот квиз на спортските обложувачници „Моцарт“.

Тој со уплата од 20 денари погоди коефициент од 3.875.85 и добивка од 88.271.00 денари, што му ја донесе првата позиција, која значеше и добивка на овој прекрасен автомобил.

„Автомобилот најпрвин ќе биде во гаража, а потоа ќе почекам мојата сакана да положи за возачка дозвола па да и го подарам“ – изјави Пенчев.

На второто место од овој квиз заврши Николче Kрстевски од Битола, кој со погоден коефициент од 1.971 си доби спортски скутер „Априлија СР 50“. Третопласираниот, пак, Андрејан Тиневски се поднови со новиот „Самсунг S7 edge“ и тоа благодарение на погодената квота од 862.04!