Адис Јаховиќ, во четвртокот, не реализира пенал за Македонија, на натпреварот со Израел кој заврши со резултат 1-2 и без добивка остави двајца обложувачи од Скопје и Англија.

Обложувач од Скопје, на тикетот одиграл седум натпревари, уплатил 50 денари дека сите ќе завршат нерешено. Тикетот не станал добитен само поради промашениот пенал на Јаховиќ. Инаку добивката изнесувала нешто повеќе од 180.000 денари.