Фото: Симболот на украдените велосипеди жртва на крадците

Гигантскиот велосипед кој е симбол на украдените велосипеди низ Скопје остана без седиште. Украдени му се седиштето, ланецот и рачките. Дрга дава вистинска слика за скопското секојдневие и проблемите со кои се соочуваат велосипедистите.

Урбаната уметничка акција „Гигански велосипед” во првата половина од јуни постави велосипед во центарот на Скопје кој е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри. Целта беше да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот.

Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед.

Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1.000-ти велосипед.