Булеварот „Партизански одреди“ во населбата Карпош 4 вечерва е блокиран. Силниот ветер откорна кровна конструкција која падна на коловозот. Граѓаните на социјалните мрежи ја споделија фотографијата и апелираат до возачите да бидат максимално претпазливи.
На социјалните мрежи граѓаните информираат за слични појави и во населбата Аеродром, но сеуште нема официјална информација.