ФОТО: Силниот ветер ја откорна фасадата на МЕПСО

Силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје бил со брзина од над 100 километри на час, информира утринава Управата за хидрометеоролошки работи.

Силниот ветер откорна дрвја, покриви од згради и оштети фасади на објекти.

Ветрот синоќа откорнал големи парчиња стиропор од фасадата на АД МЕПСО, а утрово на социјалните мрежи градоначалниците на Скопје и на Центар споделуваат слики од направениот неред.

„Што да се прави со проектот „Скопје 2014“ ?!… Сам се руши АД МЕПСО нема повредени“, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Ценатр Саша Богдановиќ.

 

 

Градоначалникот на Скопје, пак, Петре Шилегов за уништената фасада на МЕПСО вели „освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето“.