ФОТО: Што напишаа медиумите од регионот за насилните протести во Скопје?

Хаос во Скопје, Хаос во Македонија, се судрија демонстрантите и полицијата...Ова се само дел од насловите во медиумите од регионот за вчерашните протести во Скопје по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.

Пред Собранието на Република Македонија, а потоа и пред седиштето на опозициската СДСМ се одржаа мирни протести во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), во знак на незадоволство од одлуката на Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, кои, според нив, со прислушувањето ја загрозиле безбедноста на државата.  За разлика од овој мирен протест, хулиганите на СДСМ дивееја, кршеа и демолираа во Народната канцеларија на претседателот Иванов  во центарот на Скопје.

Има повреден новинар, а 12 лица се приведени за насилните протести.