ФОТО: Серхио Рамос со одличен подарок си замина од Македонија

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос за време на престојот во Македонија доби и одличен подарок.

Македонската компанија „S.ignature“ изработи специјално дизајнирани копачки за фудбалерот, а на денот на натпреварот – му ги подари. Рамос беше воодушевен од гестот, а за подарокот имаше само пофални зборови.Во продолжение, погледнете ги фотографиите доставени до Gol.mk.

Копачките се симбол на Реал Мадрид и Шпанија – едната е во боите на „фуријата“ и позади стои „Фурија роха“, додека втората е во боите на „кралевите“ и е исцртано „Хала Мадрид“.