Фото: Плоштадот во Скопје - некогаш и денес

Плоштадот Македонија е главниот плоштад на градот Скопје, престолнината на Македонија. Плоштадот бил изграден во периодот помеѓу 1920 до 1940 година. Урбанистички, на плоштадот се наоѓале поголем број значајни објекти како: Народната банка со мермерни фасади, монументалниот Офицерски дом, Ристиќева палата, Палата Мазура итн.

Овој простор од Скопје немал  име сè до влегувањето на Македонија во ФНРЈ, кога плоштадот го добива името „Маршал Тито“. Првин, тоа било проширен дел од улицата на десната страна од Стариот мост, која го поврзувала левиот дел на градот со првата железничка станица во Скопје, а кој служел и како пазар.

Денешниот плоштад е еден од трите концепирани плоштади на десната страна од реката Вардар со првите урбанистички проекти за модерно Скопје во почетокот на минатиот век. Трите плоштади биле структурно поврзани со улични мрежи, имитирајќи „необарокни“ или „париски“ елементи и теми по урнек на тогашните „урбанистички каталози“. Замислата за „трилинг на плоштади“, како мрежно јадро во централната структура на градот со тек на времето е изменета, потоа и девастирана. До земјотресот во 1963 година плоштадот е дограден со два значајни објекта: Стоковната куќа и палата „Пелистер“. По земјотресот формално и содржински состојбата фатално е изменета и осиромашена.

Општина Центар во 2011 го изгради и отвориласпоменикот на Александар Македонски наречен „Воин на коњ“ висок 22 метри во облик на фонтана. По што скопскиот плоштад добива нов, модерен изглед. Денес очигледна е разликата: