Фото: Планот на Кензо Танге за модерно Скопје

По страшниот земјотрес во 1963 година, Скопје било одново изградено претежно според големиот план на Кензо Танге, кој бил поддржан од Обединетите нации, а делумно спроведен од наши архитекти. 

Кензо Танге е роден на 4 септември 1913 – починал на 22 март 2005.  Бил познат јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на 20. век.

Во јануари 1965 година Кензо Танге добил телеграма од ОН со прашање дали би бил заинтересиран да учествува на меѓународниот конкурс за реконструкција на Скопје, главниот град на југословенската Република Македонија. Танге прифатил и проектирал.

Реконструкцијата беше реализирана со помош на југословенската влада помогната од странски држави и меѓународни организации.

ОН обезбеди пари за урбанистичкиот план за градот. Грчката архитектонска фирма Доксиадес и полскиот архитект Адолф Цибровски го нацртаа регионалниот план за Скопје во 1964 година, но центарот на градот, околу два квадратни километри, остана да се реши преку меѓународен конкурс. Танге ја прифати поканата. На конкурсот се пријавија 8 фирми, од нив 4 беа од Југославија, а другите од Холандија, САД, Италија и од Јапонија.

Првото место го доби Кензо Танге, а на второто место се пласира заедничкиот проект Радован Мишевиќ и Федор Венцлер. Тројцата добија задача да работат заедно на финалното решение за Скопје.

Предлогот на Танге се базираше на два метафорични концепта – Градска порта и Градски ѕид.