Фото: Пајакот на „Општина Центар“ корнеше бандери и кабли во Дебар Маало

Службите на „Паркинзи на Општина Центар“, собирајќи непрописно паркиран џип, утрово собориле две бандери и кабли во Дебар Маало, пренесе фејсбук страната Скопје - Skopje.

Граѓаните реагираат дека им се во прекин врските. Очевидци велат дека едната бандера е откорната од корен, а втората е искршена. „Сите кабли се искинати“, велат очевидци.

Според жителите на ова градско подрачје, немаат интернет-конекција и телефон, а напојување за струја добиле. Очевидците велат дека паркинзите на ПОЦ се преполни, а на Грдаски паркинг зјаат празни.

 

Службите на „Паркинзи на Општина Центар“, собирајќи непрописно паркиран џип, утрово собориле две бандери и кабли во Дебар Маало. Граѓаните реагираат дека им се во прекин врските.

Posted by Скопје - Skopje on Tuesday, January 2, 2018