ФОТО: Ова парче торта од скопска слаткарница ќе задушеше мало дете

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, денес, спроведоа детална инспекциска контрола во позната скопска слаткарницата откако вчера до Одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата родител пријавил дека неговото дете почнало да се гуши, по консумација на торта купена од слаткарницата.

Според наводите во претставката, до гушење на детето дошло поради присуство на парчиња стиропор во тортата.

Резултатите од направената контрола од страна на инспекторите за храна, по поднесената претставка од потрошувачот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги добие најрано во текот на утрешниот ден.

Фотографијата од парчето торта ја споделија родителите на социјалните мрежи.