(ФОТО) Ова го може само Северина: Закопчана до врат, се прошета низ Скопје со сандали од 7000 куни

Северина вчера во Скопје го промовираше новиот календар на Пелистерка за 2017 година.

Таа на прес - конференцијата за медиумите прошета како вистинска кралица - со круна на главата.Од глава до пети облечена во розево - од долга пласирана тренди сукња до oversize блуза во иста боја.

Иако во Скопје вчера имаше пет Целизусови степени, Северина имаше облечено отворени сандали со мотив на усни од брендот Гучи, чија цена е вртоглави 7000 куни ( 57 000 денари).