Фото: Отворените шахти во Аеродром, закана за животот на граѓаните

Негрижата на локалните и градските власти за навремено покривање на отворените шахти и отвори за истек на атмосферска вода секојдневно се закана за граѓаните и децата.

На улицата Васко Карангелески на обележан пешачки премин односно место каде се спојуваат два пешачки премини, буквално на белата линија има непокриена шахта веќе повеќе од четири месеци. На тоа место поминуваат возрасни, деца со тротинети, велосипеди и сл. Граѓаните кои живеат во околината се многу револтирани и велат дека ова е недопустливо.

Во близина има базен, училиште, полициска станица. Секојдневно многу голем број на луѓе се изложени на опасност.