Фото: Нови паркови и булевари - градот продолжува да гради во општина Аеродром

Советот на Град Скопје на својата 56-та седница го усвои Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година.

Буџетот на Град Скопје за 2016 година изнесува 6,9 милијарди денари, што претставува зголемување од 16 проценти во споредба со Буџетот на Град Скопје за 2015 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2016 година изнесува 4.798.816.000 денари.

Во буџетот се планирани неколку значајни капатални проекти за општината Ѓорче Петров, но буџетот предвидува и средства со нови инвестиции во општина Аеродром. Од нив најзначајни се:

Завршување на втората фаза од проектот за проширување и за  реконструкција на булевар 3 Македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, делница долга 1.400 метри:

Проширување на булевар АСНОМ – Изградба на булевар АСНОМ во делот на Керамидница до новата сала Јане Сандански и изградба на дел од булевар АСНОМ од последна 5-ка кон куќите во Лисиче прва фаза:

Доизградба на новиот парк покрај последната автобуска станица број 5 и 15. Површината на паркот изнесува околу 10 хектари и се очекува да биде целосно уреден во првата половина од наредната година: