Фото: Не запира уништувањето на дрвата и зеленилото во Аеродром

На социјалните мрежи утрово повторно беа споделени фотографии на кои се гледа како градежна механизација повторно го уништува зеленилото и дрвјата во општина Аеродром.  Во објавата споделена од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ таа потсетува дека на ова место до скоро имаше трева која денес ја нема и го прашува градоначалникот дали има нешто да изјави:

Златко Марин, Zlatko Marin, Општина Аеродром, мал апдејт, овде сабајле имаше трева и дрва... сакате нешто да изјавите?

Posted by Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ on Wednesday, March 21, 2018

Претходно, на социјалните мрежи граѓаните објавија фотографии на кои се гледа дека механизација на општина го копа паркот со авионот за да се постави вртелешката од плоштад на ова место.

Аеродромци! #ЗлаткоМарин и неговиот кафански колега #ПетреШилегов денеска го копаат паркот со авионот за да ја постават...

Posted by Аеродром ВО МОЕТО СРЦЕ on Tuesday, March 20, 2018

Двете објави и фотографиите останаа без коментар и не предизвикаа никаква реакција или одговор од страна на општинската администрација.