Фото: Напредува изградбата на новиот плоштад во Бардовци

Во ноември во селото Бардовци почна изградба на плоштад кој воедно е инвестиција на Владата на Република Македонија преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство.

Овој плоштад ќе има околу 2.000 метри квадратни и ќе биде уреден со клупи, фонтана и игралишта за деца. Покрај изградбата на плоштадот, ќе се асфалтираат и неколку улички во село Бардовци.

Пет месеци по стартот на изградбата, градежните работи се веќе во напредна фаза.

Владата преку Програмата за рурален развој инвестира во сите општини во Република Македонија  за изградба на водоводи, канализациски мрежи и други инфраструктурни проекти кои им се најпотребни на граѓаните.