Спорт
12. октомври 2016 - 14:07

ФОТО: Македонските јунаци минаа низ „Порта Македонија“

„Порта Македонија“ продолжува да биде симбол кој ги обединува македонските спортски успеси. По примерот на кошаркарите и ракометарите, денеска и младите фудбалери историскиот успех и пласманот на ЕП во Полска го одбележаа со минување низ „Порта Македонија“.

Македонските фудбалски јунаци ја сплотија целокупната македонска јавност. По големиот успех остварен вчера, кој претставува историски за Македонија со пласман на едно Европско првенство, младите македонски фудбалери денеска поминаа низ портата која значи симбол за успесите на сите наши спортски селекции.

Сепак, за разлика од кошаркарите и ракометарите, кога сите заедно под преубавата „Порта Македонија“ се радувавме на 4-тото место во Литванија, односно 5-тото место на ЕП во ракомет во Србија.

Фото: Курир