ФОТО: Кире и Борко се дружеа со Роналдињо

Легендарниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Роналдињо, повторно се врати на „Камп Ноу“, но овој пат во сосема друга улога.

Бразилецот и официјално беше промовиран како амбасадор на Барса. Роналдињо ќе се потруди да помогне во бројните проекти, кои се поврзани со промовирањето на каталонскиот клуб како бренд ширум светот.

Македонските ракометари кои настапуваат во Барселона ја искористија уникатната можност да го овековечат моментот со неповторливиот фудбалер.

Кире Лазаров и Борко Ристовски се пофалија на своите профили на „Фејсбук“ со фотографии од Бразилецот, кој како и секогаш на истите краси со својата искрена насмевка.