ФОТО: Калиопи на евровизискиот црвен тепих

Вчеравечер во Стокхолм беше организирано дефиле на сите учесници на овогодишниот Избор за песна на Евровизија.

Појавувањето на претставниците и нивните тимови на црвениот килим беше вовед во церемонијата на свеченото отворање на Евровизија 2016 којашто се одржа во Градската куќа во Стокхолм.

Освен со шармот, харизмата, духовитоста, позитивната енергија и широката насмевка, Калиопи на црвениот килим во Стокхолм заблеска и со елегантната, свилена тоалета во црна боја, која во целост одговараше со нејзиниот препознатлив стил и сензибилитет.

Нашата позната дизајнерка  и моден креатор Розе Трајчевска, инаку долгогодишен соработник на Калиопи, и испратила за  појавувањето на црвениот килим тоалета специјално дизајнирана по нејзина мерка и вкус.