Фото: Како прославуваше евровизискиот тим

Со шампањ, друштво и смеа, доцна синоќа се прославуваше пред хотелот во кој се сместени нашите евровизиски претставници. Тамара Тодевска заедно со целиот тим го прослави осмото место, но и поените од стручните жири комисии низ Европа.

Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам, порача вчера Тамара.