Фото: Како изгледа денес бебето од производите „Бекутан“

Неговото име е Давид Галевски од Скопје, но сите го викаат Давид Бекутан. Роден 1999 година, тој сосема случајно станал заштитниот лик на линијата на детска козметика на „Алкалоид“ -„Бекутан“.

Познатата фотографија настанала случајно, кога на десетмесечна возраст неговата мајка го облекувала после капење.  Oткако со таа фотографија Давид бил избран за најбебе во тогашниот магазин „Практична жена“, тој веднаш им се допаднал на маркетинг одделот на „Алкалоид“.

– Тој е како наша амајлија и откако е дел од нашите производи нe следи само среќа. Менувавме амбалажа, но него не го менуваме. Тој и натаму ќе остане нашето мало сериозно и преслатко бебе Давид – изјавија во 2010 за „Вест“ од маркетинг тимот на компанијата.