Фото: Каде ќе се гради и како ќе изгледа новата зграда на Народна банка

Без поставување на камен-темелник од гувернерот Димитар Богов, Народната банка ја започна изградбата на новото здание кое е дел до проектот "Скопје 2014".

Објектот се гради во паркот меѓу Министерството за надворешни работи и Македонската опера и балет. Парцелата веќе е оградена, а багерите неколку дена на терен работат на ископ на градежната јама. Зградата што ќе го блокира погледот кон МОБ има планирана висина од дури 29 метри.

Најновата зграда која е дел од проектот „Скопје 2014“ е замислена да има купола на самиот врв, заедно со задолжителните антички столбови. Урбанистичкиот план предвидува изградба и на фонтана со обелиск во рамките на самата градежна парцела. Идното седиште на Народната банка ќе се гради врз основа на идејното решение изготвено од авторите Никола Стакинов и Лазар Димов, како и според основниот проект на „ЛОУ ТЕК“ од Скопје. Објектот ќе го затвори погледот на минувачите кон Македонската опера и балет, која одамна е подредена на идејата да не доминира како здание во околниот простор.

Фото: Build.mk