Фото: И покрај забраната и високите казни врие автомобили на Водно

Градските власти донесоа одлука да се забрани движењето со автомобили на Водно, со цел да се намали загадувањето на воздухот, а забраната сеуште трае. На граѓаните на располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25.

Овој апел не допре до некои скопјани, па и денеска за време на кочан-ладното утро, на паркингот на Средно Водно врие од автомобили.

Инаку, Град Скопје почнувајќи од 25 ноември годинава воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која важи секој викенд и за време на државните празници. Оваа забрана важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно. Казната за движењето со автомобил е 45 евра.

Фото: Пресс24