Фото: „Хумел“ изработи специјално брендирани патики за Лазаров

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на Светското првенство во Франција, кое започнува на 11 јануари ќе настапи во специјални патики, изработени од неговиот спонзор „Хуммел".

Патиките, данската компанија ги изработи специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во националните бои на Македонија. Исто така на патиките е впишан бројот седум, кој Лазаров го носи кога настапува за националната репрезентација.

Овие патики десниот бек на нашата репрезентација веќе ги испроба на мечот со БиХ во вторникот, а сигурно по нив ќе биде препознатлив на Светското првенство во Франција.

Лазаров е само дел од заштитните ликови на „Хуммел" заедно со Хансен, Томас, Нарцис, Хајневетер...