Фото: Гори зграда во центар на Скопје

Пожар попладнево зафати станбена зграда на улицата „9-ти мај„ позади Универзалната сала во центарот на Скопје.

Во моментов на местото на пожарот се наоѓаат четири возила на Територијалната противпожарна единица од Скопје, но поради паркирани возила теренот е тешко пристапен и не може да се пристапи кон гаснење на пожарот.

Очевидци за Скопје Инфо информираат дека пожарникарите прават напори од поголема одалеченост да го изгасат пожарот, но сеуште пожарот гори.

Во моментов нема информирации за причините за пожарот, евентуална штета и повредени.