ФОТО: Фудбалерите на Вардар гости во СУ „Васил Антевски – Дрен“

Дел од фудбалерите на Вардар денеска се дружеа со учениците од средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ во населбата Кисела Вода. Учениците имаа можност да се фотографираат со дел од играчите, и да земат автограми од своите идоли.

Првотимците на Вардар одиграа и ревијален натпревар на мали голови против тимот од ова училиште. Претходно имаше дружење многу фотографии со играчите Којашевиќ, Блажевски, Алексовски, Николов, Димков, Стојчевски и Петковски.

– Имавме убава можност да се дружиме со средношколците и ги покануваме да дојдат на некој од следните натпревари да ни дадат поддршка од трибините. Ова е добра можност одблиску да се запознаеме со нив, и се надеваме дека во иднина ќе има уште дружења од ваков карактер. Ова училиште покажа колку го сака Вардар, соопштија од ФК Вардар.

Ова е втора посета на „црвено-црните“ во ова училиште за последната година. Во четврток следува посета на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ кое се наоѓа исто така во населбата Кисела Вода во Скопје.