Фото: Фатено кучето кое нападна деца во Аеродром, се бара неговиот сопственик

Кучето кое ги нападна децата синоќа во Ново Лисиче е конечно заловено и процесирано во стационарот Вардариште. Им благодариме на граѓаните за помошта“, известија од Град Скопје.

Станува збор за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик. Според првичните сведочења на очевидци на инцидентот во кој беа повредени четири малолетни деца на возраст од 10 до 15 години и две жени, кучето било од расата ротвајлер.

Известете ја полицијата ако го препознаето кучето или го познавате неговиот сопственик, велат од Град Скопје.