Фото: Двајца Македонци истовремено ги запросија своите девојки во Париз

Двајца колеги едниот од Битола другиот од Куманово ги изненадија своите девојки. Прво со авио билети, а потоа и со венчални прстени.

Иван Гиновски од Битола и Мирослав Симоновски од Куманово двајцата колеги се решија да им подготват големо изненадување на своите девојки.

Како што раскажал Иван за Тера.мк тој во љубовна врска со неговата девојка од Битола Мартина Котевска биле цели седум години. Со неговиот колега најпрво, два дена пред патување со авионски билети за Париз ги изненадиле своите девојки.

Кога пристигнале во Париз, вториот ден на исто место и во исто време ги побараа за сопруги. И добиле одговор дека се согласуваат.

Ги побараа за сопруги на едно од најромантичните места во светот. Девојката на Мирослав од Куманово, а сега негова вереница е Ангелина Силева од Велес.