Фото: Дождот го зголеми нивото на реките - Вардар пред излевање во Скопје?

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, кои ќе бидат најобилни во западните и источните делови каде локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.

Но, обилните врнежи од дожд во текот на ноќта го зголемија нивото на реките. Според фотографиите кои утрово стигнаа до редакцијата на Скопје Инфо, нивото на реката Вардар е критично во близина на Градскиот парк во Скопје и реката е на граница на излевање во овој дел од градот: