Дечињата од градинките во Општина Кисела Вода маскирани во нивните омилени ликови од цртаните филмови и приказни го одбележаа денот на шегата.

На маскенбалот кој традиционално секоја година се одбележува во градинките во општина Кисела Вода најмладите во паркот Шопен во присуство на своите воспитувачи, родители, баби и дедовци продефилира во разни маски како каубојци, бетмени, пеперутки, принцези, гусари и мускетари.

Денешната манифестација е уште една во низата интересни случувања на дечињата во градинките кој месецов зедоа учество во повеќе приредби, изложби, манифестации по повод патронатите на нивните градинки.

Неодамна најстарата детска градинка во општина Кисела Вода Весели Цветови одбележа 72 години од своето постоење,  додека пак ЈДГ 8 ми Март со пригодна свеченост го одбележа своето 38 годишно постоење.