ФОТО: Даниел Кајмакоски стана татко

Популарниот пејач Даниел Кајмакоски стана татко.

Среќниот татко на неговиот Фејсбук профил ја објави радосната вест со фотографии од синот по име Давид.

-Од секогаш сакав да бидам млад татко. Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денес ми се оствари мојата животна желба. Ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски. Радоста не може да се опише со збор, напиша Даниел во описот на фотографиите.