ФОТО: Асфалтирани неколку улици во Нерези

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски денеска информира дека со асфалтирањето на улиците во населбата Нерези ќе се подигне квалитетот на урбаното живеење.

– Завршуваме со асфалтирање на улиците „Козле“ 3, 5, 8 и 10, со вкупна должина од седумстотини метри. Вредноста на проектот е 5.100.000 денари, а работите ги изведува градежното претпријатие „Бетон“. Во исто време ја завршивме улицата која води од последната станица на автобусот со број 57 до црквата  „Св. Пантелејмон“, која е во должина од седмумстотини и десет метри, со вредност од околу 4.500.000 денари, изјави Јакимовски. 

Додаде дека целиот проект во Нерези изнесува околу 9.600.000 денари.

На оваа улица, како што рече Јакимовски, поставена е и фекална канализација, на која веќе дел од граѓаните од улиците „8“ и „10“ се приклучија на оваа канализација.

– Ни останува да ја направиме канализацијата која продолжува по „Козле“ 3 и да го затвориме отворениот канал кој води во езерата во Градскиот парк, појасни Јакимовски.