ФОРУМ: Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот

Градоначалникот Петре Шилегов, денескa во хотелот Континентал учествуваше на Форум за јавни политики: Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот:

Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации. На форумот во организација на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање и на УСАИД се дискутираше за можностите за унапредување на соработката за заштита на квалитетот на воздухот.

Градоначалникот Шилегов им се заблагодари на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање и на УСАИД за организацијата на форумот во контекст на можноста да се дискутира за унапредувањето на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации во насока на обезбедување на еден интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот.

- Денес сме тука да продолжиме со нашите намери да обезбедиме еден системски и интегриран пристап во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот. Ваквиот пристап покрај активностите преземени од страна на централната и локалната власт подразбира и активно вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис заедницата, медиумите, неформалните иницијативи и други заинтересирани страни.

Работевме на изнаоѓање на оперативно решение како засилен комунален надзор, и надзор за заштита на животната средина од недозволените палења што партиципираат како сериозен дел во процентот на загадувањето. Дополнително, работевме на решавање на одредени сообраќајни решенија, заедно со министерствата и општините, со цел да се обидеме во претстојната сезона да ги ублажиме ефектите од загадувањето на воздухот, изјави градоначалникот Шилегов на форумот.

Градоначалникот Шилегов оцени дека децениската апсолутна негрижа кон животната средина, како и масовното сечење на дрвјата, уништувањето на назаштитените подрачја и општо недомаќинско однесување кон природата доведе до енормно загаден воздух.

Имајќи предвид дека здравјето на нашите граѓани е од најголема важност, Градоначалникот Шилегов потенцираше дека намалувањето на загададувањето е приоритет и Градот Скопје во наредниот период посветено ќе работи на низа мерки кои ќе имаат за цел намалување на загадувањето.