Формула за совршен сон и лесно будење

Крег Балантајн е човек што има свој блог за здраво јадење и цврст сон. Тој ја има развиено формулата „10-3-2-1-0“ и благодарение на неа секој може да има убав и непрекинат сон и да има енергија наредниот ден.

Крег верува дека идеалниот сон почнува уште во текот на денот, односно треба да почнете да се подготвувате пред да го изгаснете светлото. Еве ја неговата идеја.

10 часа пред спиење

Ова е времето кое ви е потребно да го исчистите крвотокот од стимулансите кои ги содржи кофеинот. Затоа по овој период не пијте кафе, ниту зелен или црн чај, ниту Кока-Кола, енергетски пијалоци и чоколадо. Ама воопшто!

3 часа пред спиење

Не јадете ништо и не конзумирајте алкохол три часа пред да си легнете. Вашиот организам употребува многу енергија за варење на храната и ослободување од лошите работи од алкохолот. Во овој случај, додека сте дома, вашето тело сепак целосно работи. Резултатот од ова е тоа што се будите чувствувајќи се истоштено.

2 часа пред спиење

Од оваа точка натаму, не работете и не мислете на работа. Оставете го тоа за утре. Сериозно, нема да ви изгуби!

1 час пред спиење

Од оваа точка натаму, нема гледање во телевизор, компјутер или телефон! Колку и да ве скокотка тоа што се случува на Фејсбук или Твитер, воздржете се. Оставете ги очите и мозокот да се одморот.

Кога алармот ќе се вклучи

Исклучете го алармот и ВЕДНАШ  станете. Не паѓајте во замката да уклучува снуз одново и одново. Ако го правите ова ќе создадете здрава навика. Повторното запивање нема да ве направи помалку уморни.

Бонус: Која положба на спиење ги дава најдобрите резултати?

Нашата положба додека спиеме може да има влијание на нашето здравје и тоа како се чувствуваме. Ако сакате да изгледате помладо спијте на грб. Оваа позиција предизвикува помалку линии и брчки, затоа што не го притискате лицето.