Фламингата се тука, за 20 дена достапни за јавноста

Пандемијата на КОВИД-19 ги погоди луѓето, но во исто време и животните ширум светот претрпеа сериозни последици на оваа вонредна состојба. Во разговор со директорот на Скопската Зоолошка Градина, Ѓорги Галетановски дознавме каква е моменталната состојба на животните во нашата зоолошка, кое е изненадувањето кое ексклузивно за Фронтлајн го открива директорот, и какви се плановите за функционирањето на Зоолошката во иднина.

ФРОНТЛАЈН: Како функционира Зоолошката градина во вакви услови кога вратите се затворени за јавноста, каква е моменталната состојба на животните, како се одвива грижата околу нив и сите останати активности?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Моментално малце е покомплексна ситуацијата во Скопската зоолошка затоа што прво беше една од најпосетените, можеби лани беше и најпосетена институција во државата, и од еднаш, од кога фати вирусот Корона како сѐ да прекина и за посетителите и за животните. Од еднаш во еден ден се сменија многу навики внатре, многу ситуации. Некогаш приметувам и на животните им е чудно што е се одеднаш таква тишина, сепак и они беа навикнати на многу народ. Верувам дека и на посетителите не им е сеедно, секој викенд им беше навика да си ги носат дечињата тука, но да се надеваме дека побрзо ќе заврши оваа ситуација. 

ФРОНТЛАЈН: Може ли да ни кажете нешто за новите живеалишта на фламингата и на пингвините, и за проектот на првиот Дино парк во Скопје што го најавивте, до каде се подготовките и како се одвиваат во вакви услови на пандемија?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Среќа што Град Скопје беше тука да ни помогне највеќе кога ни требаше за тие живеалишта, јас кога дојдов кога ме назначија имаше само оградени дупки, планирале да прават нешто ветиле, но смогнавме сили со помош на градоначалникот и Град Скопје и ја забрзавме целата ситуација и денес веќе имаме готово живеалиште за фламинга, за пингвини е пред крај исто, за некои месец дена ќе биде готово, фламингата се веќе тука да ви кажам вака ексклузивно, првпат во медиум објавувам дека се тука. Во карантин се, карантинот е уште некаде 20 дена според нашиве ветеринари и се надеваме дека за 20 дена и за јавноста ќе бидат достапни, дали онлајн, дали.. ќе бидете известени и ќе присуствувате на отворањето. Живеалиштата се правени по многу светски стандарди, како што други кажуваат нема такво живеалиште за фламинга негде во Европа, стварно е прекрасно, за пингвините исто така ќе видите.

(повеќе на https://frontline.mk/)