ФК Вардар: Почитувајте ги правилата и навивајте за Вардар

Македонскиот фудбалски првак Вардар со апел до навивачите да ги почитуваат правилата и фер и коректно да навиваат за својот омилен тим.

 Вардарци во четврток го очекува првиот натпревар од плеј-офот за Лигата на Европа против турскиот гигант Фенербахче. 

 Во апелот упатен до навивачите преку својата официјална веб страна, од ФК Вардар апелираат.

 „Веќе информиравме дека билетите за натпреварот се со намалена цена, и ќе изнесуваат по 300 денари за сите трибини. При купување на билет, задолжително да се покаже документ за лична идентификација. 

Уште еднаш апелираме и потсетуваме за коректно навивање од трибините. Да се почитуваат правилата и да не се скандира национализам и расизам, и да не се истакнуваат знамиња со забранети симболи. Само така можеме да го заштитиме нашиот клуб од високите казни на УЕФА. Само заеднички можеме да придонесеме за успех на нашиот тим и со собрани сили да дојдеме до она за кое долго сонуваме.  

Лицата со хендикеп имаат нов влез, а тој е веднаш до службениот влез означен со знаците на фотографијата. Влезот се наоѓа спроти влезот на хотелот „Парк“, пишува во соопштението на ФК Вардар. 

Натпревар меѓу Вардар и Ференбахче ќе се игра на „Телеком Арената“ во Скопје, во четврток со почеток во 20 часот.