Физички си преубава, но душевно празна и грда - девојки до кога ќе живеете во филм

Ја канам на состанок доцни повеќе од 40 минути.Пристгнува целата полна со самодоверба седува и почнува да објаснува како доцнела затоа што фризерот и откажал, па морала сама да се фенира...продолжува со лигавото зборување да ми објаснува како шефот гледа во нејзинот затегнат задник во кој вложува многу време за тренинг...Се обидов да се вклучам во дискусијата, но наидов на отпор... Се повлеков.

Кога заврши со комплиментите кои сама на себе си ги даде ме праша:

Каде живееш, имаш станче? Во Дебар маало, не со моите сум( очигледно и се сруши светот откако дозна дека сум во стан од 50 квадрата со родители).

-Знаеш навистина замраат стариве, моите дома се многу досадни стани ајде време е за на работа, доручекот ти е готов, собата подоцна мама ќе ти ја среди...Ми се гади кога дома кога ќе осетам мирис на луковини и кромиди значи не можм да поднесам.

Седам и ја гледам и се трудам да ја разбрам девојката која физички е преубава, а душевно празна.

Си продолжува по свое, него батали тоа слушај другар ми е најголемиот мангуп во градов, со оние фраерчињата што се облакаат модерн со џиповите де, е сега за викенд сите заедно бевме во Банско топ си поминавме, спа, масажи, кафана...Се уморив од глупиов муабет, време е да си одам.Платив и заминав дома празен и згаден.

Па добро, каде е домашното воспитување, зборуваш како навиена само за себе.Се жалиш на мирисите од домашно зготвена храна за која се кладам со сласт јадеш по два чинии и шопска со кромид, збориш како некој ти го мести креветот на 23 години значи си неспособна.

Нафурнаи девојки сфатете не се врти светот околу вас, пробајте еднаш во животот таа глума да ја замените со нормално и пристојно однесување може ќе ви помогне.