Физички нападнат деветнаесет годишен скопјанец

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шекспирова’’ во Скопје  Ф.В.(19) со тврд предмет бил нападнат од едно лице.

Ф.В. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.