Синоќа околу 23 часот и 10 минути, пријавено е дека на улица „Македонија“, во кафе бар „Студио 54“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Според информации од МВР во кафе бар „Студио 54“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир, при што е констатирано дека 16 годишно лице од Скопје, вработен како менаџер во локалот физички бил нападнат од сопственикот на локалот, од лицето за обезбедување и од едно лице вработено како келнер во локалот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.