Физичка пресметка во Аеродром, скопјанец заврши на клиника

Министерството за внатрешни работи инормира дека утрово околу 05.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ц.Ѓ.(54) и З.Л.(55), двајцата од Скопје, од една страна и И.Т.(43) од Скопје, од другата страна.

И.Т. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.