Фирми прикриваат данок со издавање компјутерски сметки, УЈП најави контроли

Новата в.д. директорка на УЈП, Сања Лукаревска, на прес-конференција информираше дека фирми прикривале даноци со издавање т.н. компјутерски сметки, односно сметки кои се печатат од обичен нефискален печатач. Тоа значи дека фирмите имаат паралелен систем кој не е поврзан со GPRS системот на УЈП. Лукаревска рече дека УЈП повело истраги за тие фирми. В.д. директорката истакна дека УЈП се злоупотребувала како инструмент за заплашување.

Новата в.д. директорка на УЈП, Сања Лукаревска, на прес-конференција пред новинарите најави голема даночна реформа во повеќе сектори. Целта, како што рече таа, е поедноставување на процедурите за плаќањето и пријавувањето на персоналниот данок на доход за граѓаните и фирмите. Проектот кој ќе се одвива во неколку фази треба на крајот да донесе реформа во која Управата ќе им ги изготвува годишните решенија за данок на граѓаните, а тие само ќе ги проверуваат и потпишуваат.