Финишираше реконструкцијата на фасадите на „Св.Климент Охридски“

Реконструкцијата на фасадите на 3-те згради спроти бензинската пумпа на „Макпетрол“ во Општина Центар е во завршна фаза, по само 3 недели од почетокот на градежните работи. Две од трите згради од утрово имаат нов лик и енергетски-ефикасни фасади.

Како и претходно, во договор со станарите, Општина Центар ги реконструира фасадите на старите дотраени објекти за да се подобри сликата за центарот на главниот град. Енергетски ефикасни фасади веќе добија две, а третата е во завршна фаза.