Финишира реконструкцијата на градинката „13-ти Ноември“ во Центар

Во тек е поставувањето на ентериерот на занималните, тоалетите, административните простории, влезниот хол и оспособување на објектот за пристап на лица со посебни потреби.

Овие активности се во рамките на третата фаза од реконструкцијата на градинката „13-ти Ноември“ во Општина Центар. Градинката изградена пред 40 години, комплетно беше реконструирана, така што од старата останати се само ѕидовите, се друго е градено одново.

Дотраената водоводна и електрична инсталација е заменета со нова. Кровната конструкција и енерго-ефикасна фасада во светли бои и според сите стандарди. До септември се очекува да бидат готови 5 нови занимални за деца од поголемите групи.

При реконструкцијата водена е сметка за зачувување на постоечкото зеленилото, а наскоро ќе се поставува и ново партерно уредување со нови дрвја и зеленило.