Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ утре премиерно во Градско кино „Милениум“

Во Градско кино „Милениум“ утре (15.03.2019) со почеток во 20 часот ќе се одржи македонска премиера на филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ кој бешe во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал.

Од сабота (16 март), филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде на редовниот репертоар на кино „Милениум“.