Филмот "Американски платеник" од денеска во Скопје

Базиран на бестселерот на Винс Флин "Американски платеник", филмот на публиката и го претставува еден од најпопуларните современи фиктивни херои, ЦИА агентот Мич Рап.

Дваесет и тригодишниот Мич ги има изгубено своите родители во трагична сообраќајна несреќа кога имал четиринаесет години, а неговата девојка ја губи во терористички напад на денот кога се вериле. Барајќи одмазда, тој е ангажиран од заменик директорот на ЦИА, Ирина Кенеди, како регрут во специјалните сили.

Нему му го доделуваат Стен Харли, ветеран од Студената војна, да го обучува. Тие заедно ќе откријат бран на напади врз воени и цивилни мети. Ова откритие ќе ги води во заедничка мисија со турски агент во спречување на мистериозна оперативна намера за започнување на светска војна на Блискиот исток.

Филмот ги обединува актерот во подем Дилан О'Брајан (во улога на Рап) и добитникот на "Златен глобус”, Мајкл Китон како легендарниот ЦИА тренер Стен Харли. Мајкл Квеста, режисерот на филмот, креира бурно но возбудливо трансконтинентално патување кое не носи од Вашингтон Д.Ц. до Истанбул и Рим, па се до авионот на американската армија... се до сивите зони на нашиот свет во 2017.