Филипче со апел до граѓаните: Лекови има доволно, не правете залихи во домовите

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати апел до граѓаните да не прават залихи на лекови и да ги почитуваат стручните препораки од матичните лекари.

„Применувајте примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба. Почитувајте ги стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување. Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови. Лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства“, напиша министерот.

Тој порача дека сите треба да се однесуваме одговорно и без паника, со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани.