Филипче: Се уште е рано да размислуваме за отворање на аеродромите

Сметам дека е се уште рано да размислуваме за отворање на аеродромите заради тоа што тоа отвора понатаму сериозни прашања за тоа од каде доаѓаат луѓето, голем број на граѓани ќе стигнат, кажа министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната прес-конференција.

-Се уште е на сила препораката за државните карантини и тоа останува сега засега. Не размислуваме за промена на оваа стратегија, но како што најавив пред неколку дена се уште траат овие консултации со локалните земји за некаква форма на регионален пристап - кажа Филипче.